Ретки се жените кои во тек на репродуктивниот период барем еднаш немале обилно менструално крварење. Овој
проблем најчесто се јавува кај млади девојки, кај кои менструалниот циклус сеуште не е стабилизиран и жени кои се на прагот на менопауза, но не се поштедени ни останитите.
Редовно менувајте ги хигиенските влошки
Вообичаено е менструацијата да настапи во интервал од 21 до 35 дена и да трае од четири до седум дена.
-Се почесто и подолго од ова може да се смета за пореметување кое лаички се нарекува обилно крварење, а стручно менорагија.
Циклусот се смета за обилен кога хигиенската влошка мора да се менува на помалку од еден час и ноќе, но и во случај кога ќе се забележат големи згрутчувања. Крварењето е понекогаш толку обилно што жената не е во можност да ги обавува вообичаените дневни активности, а понекогаш тоа е пропратено со болки и грчеви во долниот дел на стомакот, губиток на здив и вртоглавица.
Кога е време за посета на доктор
Обилните менструации често укажуваат на пореметување на хормонскиот статус и заболување на репродуктивните органи, па не треба да се прифатат како нешто нормално. Обилните изливи на крв често се јавуваат како последица на:
-миом на матката
- инфекција во мала карлица
- ендометриоза
- аденомиоза
- полипи на матката или грлото на матката
- циста на јајник
Терапијата зависи од причината
-За да се открие причината за појава на менорагија, треба да се направи гинеколошки преглед, Папа тест и ултразвучен преглед на матката и јајници. Во поголем број случаи потребно е да се направат и крвни анализи, за да се утврди дали жената страда од хормонско пореметување или анемија, која се јавува како последица на обилни менструални крварења, па така и терапијата зависи од причината.
- Ако личноста е млада и нема патолошки промени на матката, лекарот ќе и препише контрацептивни таблети, а доклоку недостаток на прогестерон е причина на тегобите, пациентката во втората фаза на циклусот ќе го добие овој хормон. Понекогаш е неопходно да се направи ткн. експлоративна киретажа, односно гребење на матката и земениот материјал се праќа на патохистолошка анализа.
Хормонска спирала како спас
Хормонската спирала се користи и како контрацептивно средство и како терапија за обилно менструално крварење.
-Оваа единствена спирала се разликува од останатите по тоа што го содржи хормонот прогестерон. Може да се носи пет години, а се препорачува и на жени кои имаат обилни менструални циклуси поради миом или цисти. Специфична е и по тоа што смеат да ја носат и доилки, ако од породувањето поминале 40 дена.
Share














